X
 26.05.2018 Живот

Еве кои се најлошите работници според Џек Ма

Првиот човек на кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“, Џек Ма, истакна дека најлошите работници се сиромашните луѓе.

-Дајте им нешто бесплатно, мислат дека е стапица. Кажете им дека тоа е мала инвестиција, тие ќе речат дека не можат многу да заработат. Дајте им предлог да вложат многу, тие ќе речат дека немаат пари. Предложете им да пробаат нови нешта, ќе се жалат дека немаат никакво искуство. Кажете им дека тоа што го прават е традиционална работа, ќе кажат дека е тешко - вели Ма.

Тој вели и дека ако им предложите на сиромашните да отворат дуќан, ќе се жалат дека немаат слобода. А кога ќе добијат предлог да започнат нова работа, велат дека не се стручни за тоа.

Тој замерува и што сиромашните луѓе сакаат да го прашуваат „Гугл“ за сѐ, да слушаат пријатели од кои нема што да чујат.

-Тие размислуваат повеќе од универзитетски професор, а работат помалку од слеп човек. Прашајте ги само што работат и нема да можат да ви одговорат - рече Ма.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот