X
 13.01.2017 Економија

Едноставни начини за планирање на семејниот буџет


Пари и трошоци

Пред крајот на месецот честопати се прашуваме каде исчезнаа парите, а намерата да тргнеме макар и мал дел од средствата на страна, останува само празна желба. Непланираните трошоци заради исполнувањето на спонтаните посакувања можат да ги испразнат џебовите пред очекуваното.

„Brightside“ ги истражуваше можностите за планирање на семејниот буџет и ги препорачува овие четири многу ефикасни правила.

Прва метода:   „50/30/20“

Кому е наменета: На тие со стабилни примања, а кои не успеваат да тргнат пари на страна.
50% за основните месечни трошоци (комуналии, храна).
30% за останатите, помалку важни потреби (дигитална ТВ, интернет, облека).
20% за иднината (штедење, непредвидени трошоци).

Втора метода:  „Едноставна метода“

Кому е наменета: На тие кои не сакаат строги ограничувања.
Поделете го месечниот буџет на два дела: редовни трошоци и сè останато.
Редовни трошоци: износот што ќе се потроши на основните потреби (стан, храна и сл.).
Сè останато: забава и навики без кои не можеме да живееме (ресторани, концерти, кафулиња и сл.).

Трета метода:  „Основен буџет“

Кому е наменета: На тие со постојани примања кои сакаат да заштедат.
Определете го најнискиот месечен буџет. Пресметајте колку трошите на најосновните потреби.
Најнизок буџет за овој месец: 20.000 денари.
Сите средства над овој износ можат да се употребат за долгорочни намени.

Четврта метода:  „Неделен џепарлак“

Кому е наменета: На тие кои постојано се изненадени кога остануваат без пари неколку денови пред исплатата на платата и на тие кои сакаат да заштедат.
Определете колку пари сакате да потрошите за месец дена, а колку сакате да заштедите.
Поделете го првиот дел на четири недели и определете си себе неделен џепарлак, што ќе го трошите по сопствен избор. Месечното ограничување не смеете да го пречекорите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија