X
 16.05.2022 Образование

Најдобрите универзитети во светот според придонесот за целите за одржлив развој

Универзитетот во Западен Сиднеј е прогласен за најдобар универзитет во светот во однос на активностите поврзани со глобалните цели за одржлив развој на Обединетите нации, според рангирањето „Тајмс хајр еџукејшн“. Целите за одржлив развој повикуваат на активности за намалување на сиромаштијата, климатските промени и нееднаквоста во светот.

Во рангирањето за оваа година биле анализирани над 1.400 универзитети кои споделиле податоци за нивните активности поврзани со целите за одржлив развој.


Фото: Facebook

Универзитетот во Западен Сиднеј првпат се наоѓа на врвот на оваа ранг-листа. Меѓу другото, универзитетот користи сончева енергија за својот возен парк и инсталира станици за полнење електрични автомобили на кампусот.

Во продолжение следува листата со 10 најдобри универзитети според рангирањето.

1. Универзитет во Западен Сиднеј, Австралија
2. Државен универзитет во Аризона (Темпи), САД
3. Западен Универзитет, Канада
4. Универзитет „Крал Абдулазиз“, Саудиска Арабија и „Университи Сенс Малејжа“, Малезија
6. Универзитет во Окленд, Нов Зеланд
7. Кралски универзитет, Канада
8. Универзитет „Њукасл“, Обединето Кралство
9. Универзитет во Манчестер, Обединето Кралство
10. Универзитет „Хокаидо“, Јапонија

Извор: Times higher education 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование