X
 16.06.2020 Живот

Повеќето вработени во „Слек“ ќе може да работат од дома и по пандемијата

Компанијата „Слек“ е последната технолошка компанија што објави дека вработените би можеле да продолжат со работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирусот, покажува објава од Роби Квок, потпретседател на „Слек“.

Според него, поголемиот дел од вработените ќе ја имаат опцијата за работа од дома засекогаш доколку сакаат. Освен тоа, компанијата отсега ќе вработува повеќе луѓе што постојано ќе работат од дома. Квок изјави дека компанијата ќе го продолжи правилото за работа од дома на неограничен период по 1 септември поради проблемите со отворање на канцелариите и желбата да му се стави приоритет на здравјето на вработените.



Фото: Slack

- Немаме датум кога канцелариите ќе се отворат за ограничено користење, но ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и да споделуваме новости како што ќе дознаваме повеќе информации - напишал Квок.

И по отворањето на канцелариите, компанијата ќе одржува помалку активности во нив и помалку состаноци лице в лице. Наместо тоа, ќе им се дадат повеќе опции на вработените за самостојна работа.


Фото: Slack

Минатиот месец „Фејсбук“ и „Твитер“ излегоа со слични објави за продолжување на работата од дома и по пандемијата. Едно истражување од мај покажало дека 35% од Американците што работат од дома поради коронавирусот не би се вратиле во канцеларија доколку ја имаат таа опција.

Извор: foxbusiness.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот