X
 16.06.2021 Култура

„Северен пол“ на Марија Апчевска-Петровска номиниран за „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал

Краткиот игран филм „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска е селектиран во Официјалната селекција на 74. Кански филмски фестивал. Филмот влезе во конкуренција за наградата „Златна палма“ за најдобар краток филм.

Филмот трае 15 минути и е избран меѓу 3.739 кратки филма. Останатите конкуренти за наградата Златна палма за најдобар краток филм се од Косово, Данска, Иран, Франција, Португалија, Бразил итн.


Фото: festival-cannes.com (printscreen)

Филмот е сниман на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ, Горан Тодориќ (Сервиа Филм), додека сценарист и режисер е Марија Апчевска-Петровска.

Наградата ќе се додели на завршната церемонија на Канскиот филмски фестивал на 17 јули.


Насловна фотографија: Агенција за филм

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура