X
 16.06.2022 Живот

Хотел што му пркоси на времето: Во 130 години угостил многу славни личности, а Агата Кристи пишувала романи таму

Хотелот „Пера палас“, кој околу 130 години му пркоси на времето, се наоѓа во најубавото катче на Истанбул и има статус на хотел-музеј поради собите исполнети со спомени од познати гости.

„Пера палас“ бил дом на многу историски личности во Истанбул, а бил и сведок на многубројни историски настани. Мустафа Кемал Ататурк од 1917 година повеќе пати престојувал во овој хотел и бил домаќин на неговите истакнати гости.


Собата 101 во која престојувал е претворена во музеј на 100-годишнината од неговото раѓање. Во собата украсена во омилените бои на Ататурк се изложени неговите лични работи, книгите купени на аукции, списанија, потпишани фотографии и медали.


Хотелот „Пера палас“ бил избор на странски дипломати, владини претставници, политичари и уметници кои го посетувале Истанбул. Агата Кристи, еден од најчестите гости на „Пера палас“, во овој хотел напишала многу од своите познати романи.


Собата 411, во која авторката постојано престојувала, денес се посетува и како музеј. Во хотелот, кој активно обезбедува услуги за сместување, апартманот „Грета Гарбо“ е украсен со мирис на рози и свила, апартманот на Ернест Хемингвеј е опремен со книги од Хемингвеј, а апартманот на Пјер Лоти е со поглед кон Златниот Рог.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот