X
 16.12.2023 Култура

Еден од најголемите хитови на Дино Мерлин крие тажна приказна

На своите хитови им дава лична нота, а благодарение на публиката која го препознава биографскиот печат во песните на Мерлин, тие се популарни и денес како и пред повеќе од 20 години.

Мерлин и неговата сопруга Амела на почетокот на нивната љубов имале комплицирани односи и проблеми за кои сите мислеле дека не можат да ги надминат. Имено, Амела потекнувала од богато семејство, кое не ѝ дозволувало да се омажи за пејач.

Бидејќи сите сметале дека не се на исто ниво, 20-годишните Мерлин и Амела побегнале и тајно се венчале. Нивната љубовна приказна го инспирирала пејачот да ја напише песната „Кад си рекла да ме волиш“.



- Се боревме, се криевме, но никој не можеше да нѐ раздели. По пет години, тајно се венчавме. Тоа беше романтична свадба, иако буквално ја киднапирав. Со нас беа само мојот кум и сестра ѝ на Амела, која беше кума. Говорот на матичарката беше предолг, постојано гледав во вратата да не дојде некој и да ни ја уништи среќата. По венчавката отидовме на свадбено патување во Дубровник, а кога се вративме, се преселивме кај мајка ми и веднаш го почувствувавме влијанието на секојдневието. Ме чекаше голема одговорност за семејството и напорна работа, а родителите на Амела беа толку лути што половина година не сакаа ни да слушнат за неа. Но, времето лечи сѐ, па денес родителите на Амела ме сакаат дури и повеќе отколку што заслужувам - изјави во една пригода Мерлин.

Покрај родителите, против нивната врска биле и пријателите, а нивните совети за тоа дека Амела не е вистинската за него, Мерлин ги опиша во песната „Паша мој солидни“.

По венчавката, Мерлин морал финансиски да се грижи за семејството, а еднаш кога Амела го замолила да донесе храна, пејачот замавнал со хартијата на која ја имал напишано песната „Кокузна времена“.



- Луд си? Хартијата не се јаде, ми рече тогаш сопругата - вели Мерлин. Таа песна го одбележа првиот албум на Мерлин и направи бум во неговата кариера.



Во еден период, на Мерлин му се собрало сѐ, па завршил во психијатриска болница во Германија. Тогаш таму ја напишал песната „Ја потпуно трезан умирем“.

Песната „Недостајеш“ е поврзана со неговата мајка, па кога таа починала, ѝ ја посветил токму неа.

- Кога ќе изгубиш некој што го сакаш, го бараш кога ќе умре, иако си свесен дека никогаш нема да се врати - изјави Дино.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура