Отворен пункт за донации за бездомниците во Скопје Сити Мол



Од денес 10. 01. 2017 во Skopje City Mall ќе биде поставен пункт за собирање на донации за лицата бездомници, на кои периодов поради ниските температури им е потребна дополнителна заштита и помош. Собраните донации на дневна основа ќе се предаваат во прифатниот центар за бездомници на Црвен крст на град Скопје во Момин поток.

Пунктот ќе биде отворен денес од 16:00 и ќе работи до 22:00, а утре и останатите денови ќе функционира од 10:00 до 22:00.

ЛИСТА НА ПОТРЕБНИ РАБОТИ:
- ЧИЗМИ
- ТОПЛА ОБЛЕКА
- ЈАКНИ И КАПУТИ
- ЗИМСКИ ЧОРАПИ
- ЏЕМПЕРИ И БЛУЗИ
- ШАЛОВИ И РАКАВИЦИ

Пунктот е лоциран на инфопултот на Skopje City Mall на самиот влез од страната на ул. М.А.Н.А.П.О. (Карпош 3)

За повеќе информации обратете се на 02 3217 012 или на 070 281 319
 
Објавено на 10.01.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017