X
 16.02.2017 Живот

Времето во Македонија во наредните неколку дена

Денес е четврток, 16 февруари 2017 година, 47-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:23, а ќе зајде во 17:12 часот. Денот ќе трае 10 часа и 49 минути.

Ова утро во Македонија имаме претежно ведро и потопло време, потопло бидејќи утринските температури се повисоки од вчерашните, а во најголем дел од Македонија се и за 1-2 степени повисоки од просечните за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА –Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време за овој период од годината, со температури кои ќе бидат и за 5-6 степени повисоки од повеќегодишниот просек. Ветерот ќе слабее и ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер, а во попладневните и во вечерните часови ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Минималните температури од -7 до 0 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 6 односно до 15 степени.

СКОПЈЕ – Во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -2 степени, додека пак максималната дневна до 12 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло со дневни температури кои ќе се движат од 6 до 14 степени. Во сабота наутро и претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста, а во северозападните предели со услови за слаб дожд. Дневните температури од 6 до 14 степени. Во недела и понеделник умерено облачно време со услови за врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западната половина на Македонија и пораст на утринските температури кои ќе се движат од 1 до 8 степени, додека пак максималните дневни во недела од 4 до 12 степени, додека пак во понеделник ќе се движат во интервал од 5 до 13 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот