X
 27.02.2017 Живот

Планот на Трамп за депортирање на нелегални имигранти би чинел премногу!

Предлогот на Доналд Трамп за депортирање на милиони илегални имигранти од Америка може да чини половина трилиони долари, проценува американскиот акциски форум (AAF).

план

Политиките, правните битки, администрацијата и транспортот - сето ова било констатирано во трошоците, со што се проценува дека целиот процес би траел околу 20 години.

Трамп во минатото постојано ја искажуваше неговата решеност да се ослободи од илегалните имигранти од земјата, меѓутоа со оглед на тоа што околу 11 милиони илегални имигранти живеат во Америка, вистинската цена на масовната депортација може да достигне прилично многу.

Пред 2 години ААF процени дека за тоа би биле потребни помеѓу 120 и 240 милијарди долари. Откако би биле депортирани, би биле потребни дополнителни 400 милијарди долари на трошоци за спроведување на законот со кои би се спречило нивното враќање.

Овие трошоци не ги земаат во предвид потенцијалните загуби на американската економија преку отстранување на милиони илегални работници, во сектори како што се земјоделие, градежништво и угостителство кои особено се потпираат на илегални имигранти.

AAF проценува дека брзото депортирање на милиони луѓе би ја намалила американската економија за околу 6% во 20 години, со 6.4% од работниците за кои се верува дека се илегалци. Ова би резултирало со загуба од 1.9 трилиони долари во плати и трошоци.

Секретарот за внатрешна безбедност Џон Кели изјави дека нема да има „масовна депортација“ откако тој имаше средба со мексикански официјални лица. Трамп пак, изјави дека ќе се сконцентрира на депортирање на 2 до 3 милиони имигранти за кои верува дека имаат криминални досиеја. Во говорот пред конзервативната политичка конференција во Мериленд, Трамп изјави дека неговата администрација ќе се концентрира на депортирање на членови на банди, дилери на дрога и криминалци и за нив повеќе нема враќање.

Меѓутоа постои забуна и паника за тоа каква ќе биде политиката на Трамп во врска со останатите имигранти без други криминални досиеја.

Серија на имиграциски рации во Америка овој месец предизвикаа стравувања, откако биле уапсени 680 луѓе од кои околу четвртина не биле осудувани.

Мариелена Хинкапи, извршен директор на Националниот центар за законот за имиграција го критикуваше Трамп.

„Во сите овие години практикување на законот за имиграција не сум видела план за масовна депортација како овој. Трамп  зборуваше за време на кампањата за масовна депортација, меѓутоа сега е поекстремен од неговата реторика“, изјави таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот