X
 18.03.2017 Живот

Бели - човекот од Србија кој ќе оди на избори за претседател со своето алтер его

Љубиша Прелетачевиќ Бели е еден од седумте кандидати за српски претседател и е сосема поразличен од сите останати. Тој нема политичко искуство, има само 26 години, а неговото вистинско име е Лука Максимовиќ. По професија е комичар и хуморот е неговото главно оружје.

човек
Фото извор: Facebook, Љубиша Прелетачевиќ Бели


Роден е 1991 година и е студент на четврта година комуникологија. Тренира борење и американски фудбал и има необичен карактер. На прашањето што е разликата меѓу Лука и Љубиша тој одговорил:

„Во ликот на претседателот се уфрлувам и себе си. Јас сум тој лик. Нема голема разлика меѓу Лука и Љубиша, но некои луѓе го доживуваат сосема поинаку. Тие двајцата се браќа.“

Партијата која е основана минатат година има доста необично име „Сармата не си ја пробал“ (sr. Sarmu probao nisi) на локалните избори таа освоила 22% од гласовите.





Бели сега се натпреварува и за претседателската трка. Според тамошните медиуми тој собира гласови затоа што луѓето се заситени од политичкиот естаблишмент и се бараат нови свежи лица. Сепак, српските аналитичари се согласни дека тој нема шанса за победа, но уверени се дека има сериозен потенцијал, особено меѓу младата популација.





Бели, кој прекарот го добил затоа што во јавноста се појавува во бел костум, изјавил дека не сака да го поддржи ниту еден политичар во Србија бидејќи не постои вистинска опозиција.

„Најголемиот проблем е што немаме пари. Мене ми е послатко да работам вака. Ако навистина се кандидираме ќе бидам горд затоа што ќе знам дека со буџет од 200 евра сме направиле хаос,“ изјавил тој додека сѐ уште било неизвесно дали ќе ги собере потписите.

Во изминатата кампања ја напаѓал власта, па така ќе биде и овој пат.

„Сегашната власт нема идеи. Не постојат идеи. Ние за 38 дена создадовме идеи. Треба да се очекува сѐ, но мислам дека сме доволно јаки да ги издржиме сите притисоци, а ако треба да одговараме, ќе одговориме,“ говорел тогаш.

Но, и ако не победи на изборите во Србија овој пат веројатно и нема, тој вели дека ќе се кандидира во било кој регион.

„Ако не поминам овде, ќе пробам било каде во регионот. Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора. Ќе видиме,“изјавил тој.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот