X
 09.04.2017 Живот

Морничавиот систем за одводнување во Токио

Системот за одводнување кој е на 50 метри под Касукабе, град во близина на Токио, е поврзан со тунели и е најголемиот систем за дренажа во светот.


Секој силос може да содржи до 13 милиони галони вода, а целиот систем е доволно брз за да испразни олимписки базен за само 12 секунди.

Околу седум пати годишно, надојдената вода од реките од околината се влева во силосите. Потоа, водата се упатува низ тунелите во масивна цистерна. Четири турбини, секоја со 14 илјади коњски сили, ја носи водата во реката Едо, која се влева во крајбрежјето на Токио.

Иако се работи за огромна дупка под земјата, сепак изгледот е навистина импозантен.


Линк до галеријата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот