X
 10.04.2017 Технологија

„YouTube“ нема повеќе да дозволува да заработувате ако немате повеќе од 10.000 прегледи

Скоро пет години откако “YouTube” овозможи на секој да креира канал и веднаш да заработува, компанијата објави дека креаторите нема да бидат во можност да заработуваат на тој начин ако немале до сега 10.000 прегледи.

телевизор
Фото извор: Blog Do Renato Dayvison


Еднаш штом каналот дојде до таа бројка, ќе биде прегледан за да се знае дали понатаму може да зработува или не. Новите правила се со цел да ги обесхрабрат измамниците кои ги прекршуваат политиките и правилата на компанијата, а кои заработуваат на платформата.

Наскоро ќе биде додаден и процес на прегледување за новите креатори. Компанијата ќе го прегледа каналот кога ќе достигне 10.000 прегледи и ако сѐ е во ред сопственикот  ќе може да почне да заработува.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија