X
 11.04.2017 Технологија

Откријте кој го следи секој ваш чекор на Фејсбук

fejsbuk

„Facebook“ со својата нова опција „Stories“ на корисниците им овозможи да дознаат кој го следи секој нивни чекор на оваа социјална мрежа.

Имено, опцијата „Stories“ која пред неколку дена стигна и на „Facebook“ апликациите, им овозможува на корисниците да видат кој од нивните пријатели погледнале што тие пријавиле.

Споменатата опција е преземена од „Snapchat“, а „Facebook“ на почеток ја интегрира на „Instagram“, „Messenger“ и „WhatsApp“, а потоа во главната апликација.

На сите споменати платформи таа функционира исто. Корисниците објавуваат фотографии и снимки кои нивните пријатели можат да ги погледнат, а кои ќе исчезнат во период од 24 часа. Исто така, во секој момент е возможно да се види бројот на пријатели кои ја погледнале вашата приказна, како и нивните имиња.

Сето тоа не би било чудно, ако „Facebook“ не истакнеше дека нема да им овозможи на корисниците да дознаат кој ги погледнат нивните профили, а опцијата „Story“ сега е совршена алатка за следење на луѓето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија