X
 11.04.2017 Живот

Животните кои се отстрануваат од листата на загрозени видови

2017 можеби не е толку погодна за луѓето, но во животинското царство работите се подобруваат. Во Австралија се пронајдени Тасманиски тигри за кои се веруваше дека се изумрени веќе 80 години.



Тасманискиот тигар не е единственото животно кое се појавува повторно. Уште четири други видови се враќаат во природата.

Ламантини (цицач, група на морски крави)

фото извор: mmc.gov

Се работи за загрозен вид, но сега овие животни повторно се враќаат. На пример, во Флорида бројката на овие животни се зголемила за 6.500. Според познатите податоци, животните најчесто умираат заради бродовите пропелери, па затоа е потребно уште многу да се направи за да се осигура нивната безбедност.

Гризли мечки


Во 70-те години истражувачите објавиле дека преостанати се само уште 140 гризли мечки во САД, па од 1975 овие животни се сметаа за загрозен вид. Сега, нивната бројка се зголемила за 1.200 и тоа само во планините „Rocky“. Ако бројката и натаму се зголемува, животните ќе бидат отстранети од листата на загрозени видови.

Сибирски тигри


Во Кина постои резерват кој обезбедува дом за ваквиот вид на тигри, па со тоа се успева нивната бројка да се одржи на задоволително ниво, како и постепено да се зголемува, со цел да се намали ризикот од изумирање на овој вид.

Островски лисици

фото извор: takepart.com

До 2004 година, само 15 лисици живееле на островите Сан Мигел и Санта Роса, па биле вметнати во листата на загрозени животни. Откако се санираат пестицидите, златните орли се носат на друга локација, овој вид на лисици повторно се враќа на островите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот