Новиот американски носач на авиони, УСС Џералд Форд, пред неколку дена беше тестиран на море. Станува збор на најскапиот брод што некогаш постоел кој Америка ја чинел 12,9 милјарди долари.

Фото извор: U.S Navy
Причината за високата цена е тоа што се работи за прв носач на авион од Форд класа во кој се вградени голем број на нови состави и технологии и кои би требало да го прават бродот многу подобар од претходниот Нимиц.
Конструкцијата на бродот Гералд Р. Рорд, кој името го добил по бившиот претседател, започнала во 2005 година, а со тестирањето задоцнил две години од предвиденото. УСС Гералд Форд е отприлика со истите димензии како и бродовите од претходната класа (долг 333 метри, висок 76 метри и тежок 100.000 тони на полно оптоварување), но ќе има значително помал број на членови на екипажот и воен персонал во борбени авиони – 4660 луѓе, наместо досегашните 5600.
Брзината на овој брод ќе биде поголема од 30 јазли (56 мк/ч) додека неговите екстреми на брзината се чуваат во тајна. Тој ќе има капацитет за 75 авиони и хеликоптери за извршување на својата мисиоја од неговата палуба. Меѓу нив се 44 борбени авиони.
Фото извор: U.S Navy
Морнарицата од новиот носач на авиони очекува значителни подобрувања и технички напредок во однос на класата Нимиц, па така новиот брод е опремен со модерен AN/SPY-3 AESA радар и револуционерен електромагнетски систем за лансирање на авиони кој во теорија би требало да овозможи лансирање на 25% носачи на авиони повеќе од Нимиц класата, а со 25% помалку екипаж. Всушност целиот дизајн и новиот нуклеарен реактор A1b би требало да значи значително подобрување во однос на дизајнот и погонот на Нимиц.
На овој брод минатиот месец дојде и претседателот Трамп кој голем дел од својот политички капитал го уложи во зголемување на воениот буџет – тие пари на морнарицата добро ќе и дојдат со обзир на тоа дека се планирани вкупно 10 носачи на
авиони од класата Форд. Во тек е последната фаза од изградбата на вториот носач на авиони.