X
 06.05.2017 Технологија

Опасност за корисниците на „Android“ - На секој час по 350 потенцијално опасни апликации

андроид

Бидете дополнително внимателни кога избирате што да инсталирате на вашиот „Android“ уред затоа што инфицираните софтвери со малвер за оперативниот систем на „Google“ се размножуваат со алармантна стапка.

Безбедносните истражувачи од софтверската антивирусна компанија „G Data“ открија дека повеќе од 750.000 нови малициозни апликации се појавиле во текот на првиот квартал оваа година, а проценките се дека бројот ќе се зголеми и ќе стигне до неверојатни 3.5 милиони до крајот на 2017 година.

Извештајот предупредува дека проблемот е особено распространет помеѓу пониско рангираните компании кои произведуваат телефони каде што надградбите на софтвери имаат тенденција поретко да добиваат софтверски ажурирања, а понекогаш овие ажурирања се одложени.

инфо

Истражувачите од „G Data“ исто така наведуваат дека биле во можност да идентификуваат 3.2 и 2.3 милиони инфицирани апликации во 2016 и 2015 година. Според нивните наоди, малициозниот софтвер најчесто се наоѓа во „Android Lollipop“ и „Marshmallow“ кои сочинуваат две третини од сите инфицирани апликации.

„Gingerbread“ (2.3 – 2.3.7): 0.9%
„Ice Cream Sandwich“ (4.0.3 – 4.0.4): 0.9%
„Jelly Bean“ (4.1.x – 4.3): 10.1%
„KitKat“ (4.4): 20.0%
„Lollipop“ (5.0 – 5.1): 32.0%
„Marshmallow“ (6.0): 31.2%
„Nougat“ (7.0 – 7.1): 4.9%

Со оглед на тоа што речиси 9 од 10 мобилни телефони во светот работат на „Android“, не е изненадувачки тоа што напаѓачите се фокусирани на оперативниот систем „Google“.

Доколку сакате да бидете надвор од опасност, тогаш потребно е редовно да го ажурирате телефонот со најновата верзија на „Android“ и да ги преземате апликациите само од „Play Store“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија