X
 09.05.2017 Живот

Временска прогноза за наредните пет дена

Денес е вторник, 9 мај 2017 година, 129-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:15, а ќе зајде во 19:43 часот. Денот ќе трае 14 часа и 28 минути.

Во утринските часови во Македонија имаме претежно облачно и свежо време, бидејки утринските температури се под повеќегодишниот просек за овој период од годината. Во Пелагонија како и во регионот на Гевгелија и Богданци ова утро има слаби и локални врнежи од дожд.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо време со благо опаѓање на температурите но и ветровито време. Претпладне поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните и источните предели, локално и до 20 литри, додека пак попладне и навечер интензитет ќе биде повеќе изразен во западните предели. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 10 до 22 степени. УВ индекс 3.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, свежо и ветровито време. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 12 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 18 степени. УВ индекс 3.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно време со сончеви периоди, наутро и попладне во северозападните и западните предели услови за развој на нестабилност која ќе донесе врнежи од дожд. Утринските температури од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни од 12 до 24 степени. Во четврток по студеното утро со утрински температури од 0 до 9 степени во текот на денот претежно сончево со локална облачност и температури од 17 до 29 степени. Во петок и сабота умерено облачно време со сончеви периоди и многу топло време со максимални температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината кои што ќе се движат од 20 до 32 степени во петок, односно од 23 до 35 степени во сабота.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло време со максимална температура до 20 степени. Во четврток по свежото утро и утринска температура од 7 степени во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време со максимални 26 степени. Во петок и сабота во Скопје умерено облачно време со сончеви периоди и многу топло време со максимални температури кои што ќе достигнат до 29 односно од 33 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот