X
 01.05.2017 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во првите денови од месец мај

Денес е понеделник, 1 мај 2017 година, 121-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:25, а ќе зајде во 19:35 часот. Денот ќе трае 14 часа и 10 минути.



Ова утро во Македонија имаме претежно облачно и топло време со температури кои што се повисоки од просечните за овој период од годината. Во северозападните предели имаме појава на локални врнежи од дожд, а во Пелагонија и појава на магла. Во јужните предели имаме претежно ведро време со појава на локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските часови ќе биде умерено облачно време со сончеви периоди, а во јужните предели претежно сончево со локална облачност и потопло време со пораст на температурите. Во претпладневните часови насекаде се очекува претежно сончево време со локална облачност. Попладне во северозападните, западните како и во североисточните и источните предели услови за развој на нестабилност која што ќе услови и врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 5 до 13 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 17 односно до 28 степени. УВ индексот ќе има вредност 3.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска наутро умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, а во периферните предели можни се локални врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура до 10 степени, а максималната дневна до 25 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во вторник претежно сончево со локална облачност и потопло време, попладне во северозападните и западните предели развој на нестабилност и врнежи од дожд. Утринските температури од 6 до 13 степени, а дневните температури од 20 до 30 степени. Слично време и во среда со благ пораст на температурите, утринските од 7 до 14 а дневните од 21 до 31 степен. Во четврток претпладне претежно сончево со локална облачност и топло време, попладне и навечер нестабилно време со врнежи од дожд и дневни температури од 20 до 30 степени. Врнежите од дожд ќе изостанат само во југоисточните предели. Во петок умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд насекаде во Македонија и опаѓање на дневните температури. Утринските од 7 до 14 степени, додека пак максималните од 16 до 26 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот