X
 04.06.2015 Живот

Времето денес и какво време не` очекува овој викенд?



МАКЕДОНИЈА - Во Македонија претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне развој на нестабилна облачност која што ќе услови врнежи од дожд и грмотевици. Локално можна е појава на невреме. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува доумерен слаб североисточен ветер.

Минималните температури од 9 до 19 степени, додека пак максималните ќе се движат во интервал од 21 до 31 степени. УВ индексот ќе има вредност 4.

СКОПЈЕ - Во Скопје во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб северозападен ветер. Минималната температура од 16 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 28 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Овие врнежи ќе бидат застапени во северозападните, западните и југозападните предели. Во останатите предели ќе биде претежно сончево. Дневните температури до 19 односно до 29 степени. Во сабота и понеделник претежно сончево со локална облачност, иако во западните и југозападните предели ќе постојат услови за слаби локални врнежи од дожд. Минималните температури од 8 до 20 степени, а максималните од 21 до 33 степени.

Во недела ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне услови за врнежи од дожд ќе има во западните, југозападните и југоисточните предели. Дневните температури ќе достигнат до 21 односно до 31 степен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот