X
 11.05.2017 Економија

Македонија има меѓу најниските минимални плати во Европа, само Албанија е зад нас

Македонија има една од најниските минимални плати во Европа, речиси девет пати помала од највисоката утврдена минимална плата во европските земји. Пониска минимална плата од Македонците земаат само жителите на Албанија, покажува најновата статистика за минималната бруто што ја објави Европската агенција за статистика „Еуростат“, а која се однесува на првите три месеци од 2017 година.


Фото: Pixabay

Според податоците на Еуростат, минималната бруто плата во Македонија изнесува 231 евро, што е втора најниска споредено со сите останати земји во Европа. Во Албанија минималната бруто плата е 155 евра. Највисока минимална плата има во Луксембург, каде изнесува 1.999 евра бруто. На второ место е Ирска со исплатена минимална плата од 1.563 евра, а трета е Холандија каде минималната бруто плата изнесува 1.552 евра.

Од земјите во регионот, најдобро котира Словенија, каде што месечната минимална бруто плата изнесува 805 евра. Во Хрватска таа е 433 евра, во Црна Гора е 288 евра, додека во Србија минималната плата е 250 евра бруто.

Минималната плата во Македонија во нето износ е 10.080 денари.
Подготвил: Д.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија