X
 13.05.2017 Економија

Која е најсигурната банкнота на светот?

Швајцарската централна банка во средата ја претстави новата банкнота од 20 франци за која вице-гувернерот Фриц Курбриг кажал дека тоа би можело да биде најсигурната банкнота на светот.

франк


Таа е црвена по бија и изработена е од памучни влакна, а одвнатре има основа од полимер. Делот на елементите против факсификување може да бидат видливи само под ултравиолетова светлина или микроскоп. Во оптек ќе биде пуштена на 17 мај.

На изборот во 2016 година за најсигурна банкнота е прогласена швајцарската банкнота од 50 франци, во конкуренција од 18 валути. Дизајнот на новата 20-ка има впечатливи мотиви на природа, наместо портрети на историски личности.

Покрај користењето на најсовремените методи за заштита од фалсификување, новите 20 франци се помали од претходните, па поедноставни се за користење, според централната банка.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија