X
 16.05.2017 Живот

Херои на денешното време! Волонтерското движење „Ретвитни оброк“ секоја недела готви над 150 оброци за бездомни лица

Веќе две години по ред волонтерското движење „Ретвитни оброк“ (#РетвитниОброк) секоја недела готви над 150 оброци за бездомни лица и сите останати што не можат да обезбедат храна за своите семејства, стари и изнемоштени, но и лица во неповолни животни околности.



Над дваесетина девојки и момци, секој петок и сабота доброволно се откажуваат од времето поминато со своите најмили за сметка на оваа благородна активност да подготват и да поделат свежо зготвени и уредно спакувани оброци.

Идентификувајќи го горливиот проблем со недостаток на храна и други есенцијални средства за живот, ова волонтерско движење почнува многу скромно, со само еден твит напишан од еден од иницијаторите на оваа активност, кој подоцна поттикнува лавина на реакции и понуди за доброволна работа од поединци, но и донации од компаниите за вклучување во оваа иницијатива.

„Ретвитни Оброк“ денес е амалгам меѓу локалната заедница, бизнис секторот и социјално загрозените лица, демонстрирајќи огромни залагања во справувањето со социјалните предизвици, во насока на обезбедување на подобро разбирање на потребите на ранливите категории.



„Ова доброволно движење е одраз на вистинска посветеност и стремеж за подобрување на состојбата на социјално загрозените лица. Тимот на Алпско млеко ги поддржува овие волшебни момци и девојки во намерата за изградбата на кохезивно општество во кое борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост ќе значат постоење на подобри шанси и можности за сите. Се надевам дека нашата донација ќе мобилизира и други компании и сограѓани во намерата заедно да поттикнеме позитивни општествени промени“ - изјави Лепа Георгиевска Ристов, претставник од Алпско млеко.

И оваа недела како и претходните, пред Спомен-куќата на Мајка Тереза ќе се делат оброци на гладните и оние што живеат на раб на егзистенција, овој пат збогатени со домашен јогурт со неодолив вкус, со многу хранливи материи, витамини и минерали направен во хармонија со природата, идеален за топлите пролетни денови.

„Им благодариме на Алпско млеко за оваа донација на продукти и ресурси, со што потврдуваат дека ја поддржуваат вредноста во која веруваме и ние. Убедени сме дека нашиот активен однос кон човековите вредности што подразбира особена грижа за луѓе што не се во состојба да ги задоволат своите основни потреби, ќе ги инспирира останатите поединци и компании да го поддржат нашиот континуиран напор кон благосостојбата на останатите“ - изјави Ана Голејшка, претставник на „Ретвитни Оброк“.

„Ретвитни Оброк“ и натаму продолжува неуморно да дејствува, лобира и инспирира со својата општествена проактивност, автентичен граѓански активнизам и напорите во насока на создавање на подобар свет, при тоа почитувајќи ја личноста на секој поединец и зајакнувајќи го неговиот потенцијал.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот