X
 31.05.2017 Живот

Прогноза за времето во Македонија за наредните 5 (пет) деба

Денес е среда, 31 мај 2017 година, 151-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:57, а ќе зајде во 20:04 часот. Денот ќе трае 15 часа и 07 минути.

Во Македонија во утринските часови имаме претежно сончево и топло време, насекаде над Македонија имаме ведро време.

МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со пораст на температурите кои што ги имавме изминитатите денови, како на утринските така и на дневните температури. Во текот на денот ќе дува слаб западен и северозападен ветер. Утринските температури од 6 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 21 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска не очекува сончево и топло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 30 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне зголемување на облачноста а во северозападните и североисточните предели нестабилно со локални врнежи од дожд. Утринските температури од 8 до 17 степени, а максималните дневни од 21 до 32 степени. Во петок претежно сончево со локална облачност, попладне развој на нестабилност што ќе услови локални врнежи од дожд, освен во централните предели каде што во текот на целиот ден ќе биде претежно сончево. Минималните температури од 9 до 18 степени а дневните од 22 до 33 степени. Во сабота умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици и дневни температури кои ќе бидат во опаѓањеи ќе се движат од 20 до 30 степени. Умерено облачно и нестабилно време со слаби и локални врнежи од дожд се очекува и во недела. Минималните температури од 11 до 19 степени, а пак максималните дневни температури од 18 до 29 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот