X
 10.05.2017 Живот

Временска прогноза за наредните неколку денови

Денес е среда, 10 мај 2017 година, 130-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:14, а ќе зајде во 19:44 часот. Денот ќе трае 14 часа и 30 минути.



Во утринските часови имаме претежно облачно и топло време. Во крајните североисточни, југоисточните како и понекаде во централните и западните предели имаме претежно сончево време. Во Пелагонија локално имаме и врнежи од дожд.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди. Но во северозападните, западните и југозападните предели во текот на целиот ден ќе бид умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, а попладне услови за слаб дожд ќе има и во крјаните источни предели. Ќе дува доумерен североисточен како и западен и северозападен ветер. Утринските температури од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 24 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претпладне умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне намалување на облачноста. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 20 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток по свежото утро со температури од 1 до 10 степени, во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и топло со максимални температури од 19 до 30 степени. Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периодии топло. Утринските температури од 7 до 16 степени, додека пак максималните дневни од 22 до 32 степени. Во сабота претежно сончево време со појава на локална облачност и невообичаено топло за овој период од годината, минималните температури од 6 до 15 степени, а максималните од 25 до 35 степени и ув индекс со вредност 8. Претежно сончево време со локална облачност ќе имаме и во недела но и благо опаѓање на температурите, минималните од 5 до 14 степени, додека пак максималните од 22 до 32 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во СКопје во четврток претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со максимални 27 степени. Во петок умерено облачно време со сончеви периоди и температура до 29 степени. Во сабота и недела претежно сончево со локална облачност и многу топло време со максимални 32 односно 29 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот