X
 01.06.2017 Живот

Следува продолжен викенд... Какво време да очекуваме?

Денес е четврток, 1 јуни 2017 година, 152-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:05 часот. Денот ќе трае 15 часа и 09 минути.

Ова утро во Македонија имаме претежно сончево и топло време со благ пораст на утринските температури во однос на вчерашните.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне зголемување на облачноста а во западните, северозападните, северните и североисточните предели развој на нестабилност што ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици. Локално во овие предели можна е и појава на невреме. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 23 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево и топло време. Попладне зголемување на облачноста а во доцните попладневни часови и со услови за врнежи од дожд и грмотевици. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 31 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок во утринските и претпладневните часови ќе преовладува претежно сончево и топло време, попладне развој на нестабилност што ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, а локално можна е и појава на невреме. Минималните температури од 9 до 18 степени, а максималните од 24 до 34 степени. Во сабота умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици и со услови за локална појава на невреме но и посвежо време. Утринските температури од 9 до 18 степени, а максималните ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 20 до 30 степени. Слично време не очекува и во недела со тоа што во југоисточните предели како и долж повардарието се очекува стабилно време без врнежи од дожд. Минималните температури од 10 до 19 степени, додека пак дневните че достигнат до 19 односно до 29 степени. Во понеделник во утринските и претпладневните часови претежно сончево и топло, попладне развој на нестабилност и локални врнежи од дожд и температи кои ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 24 односно до 34 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот