„Власта ги расипува луѓето. Неограничената власт расипува неограничено“ - Хаксли
„Оној кој е опиен со вино, порано или подоцна ќе се отрезни; оној кој е опиен со властољубието, не се отрезнува до смртта“ - Индиска поговорка
„Правдата лишена од власт е немоќна. Власта лишена од правда е тиранска“ - Паскал
„Повеќе вреди војска магариња предводена од лав, отколку војска лавови предводени од магаре“ - Наполеон
„Мислите на владејачката класа, во секоја епоха се владејачки мисли“ - Маркс
„Добрата влада е како добар дигестивен систем: Сè додека добро функционира, никој не ја забележува.“ - Колдвел
„Владетелите, кога тогаш, ги забораваат ветувања, но народот никогаш“ - Мацини
„Ако е вистина дека еден народ има онаква влада каква што заслужува, кога ќе заслужи да ја нема?“ - Жан Пол