X
 27.06.2017 Наука

Научниците снимаат суштински животен процес кој менува многу од она што стои во учебниците

Науката сѐ почесто изненадува со нови откритија. Овој пат истражувачи успеваат да снимаат молекула на ДНК која се реплицира чие разбирање може да доведе до нови откритија во биологијата и медицината.

днк
Фото: shutterstock.com

Овие снимки откриваат информации со кои се оспорува она што до сега се знаело за делењето на клетките. Имено, кога клетките се делат, репликацијата на ДНКто е неопходна за секоја нова клетка од нашиот геном, човечкиот генетски код кој содржи 3 милјарди базни парови.

Научниците од универзитетот во Калифорнија користеле флуросцентна светлина за да ги осветлат ДНКта и сфатиле дека процесот вклучува многу повеќе случајности.



Научниците откриле дека не постоела голема координација меѓу насоките кои биле предвидени. Двете насоки на моменти се реплицирале со различна брзина, дури едната до десет пати побрзо од другата.

Со ова се покажува дека тие се целосно автономни.

Ова разбирање на репликацијата на ДНК може да доведе до сосема нов начин на размислување, што Стефан Ковалцивоски, еден од научниците, го нарекува „вистинска промена на парадигмата“, која „поткопува многу од она што стои во учебниците.“

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука