X
 03.07.2017 Забава

Дали се сеќавате на овие скринсејвери?

Скринсејверите денес дефинитивно се ретро технологија бидејќи повеќе не ни се потребни за десктоп компјутерите да ги чуваат од прегрејување, но беа многу корисни во минатото. Денес, мониторите се исклучуваат после одреден период на неактивност на компјутерот.

skrinsejver
Фото: YouTube screenshot

Кон средината и крајот на 90-те години, скринсејверите беа апсолутен хит, а освен зачувување на енергијата нивната главна должност беше да го забавуваат корисникот додека не го користи компјтуерот.

Програмерите се потрудија да направат имагинативни скринсејвери, а темите варираа - од 3D текствои и геометриски форми до анимација која ги покажуваше можностите на тогашните графички картички. Дури и постоеше пазар за скринсејвери, бидејќи не беа сите бесплатни. Ви ги претставуваме некои од најпопуларните кои ги користевме пред повеќе од 15 години. Ако тогаш имавте компјутер, тогаш дефинитивно ќе се сетите на некои од нив.

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава