X
 04.08.2017 Живот

Рашомон ефект



После пауза се вратив во канцеларијата и како и секогаш се качив на втори кат. Со две ракии и чорба од кај „Момир“ ја прашав Сандра дали договорила внук ми да учествува на настанот што требаше да се случи за некој ден. Радосно ми кажа дека откако сме ја намалиле цената, клиентот се согласил и напраивме буштур со рацете.

- Јес, - извикав!
Добро расположен од ракиите, помалку од чорбата и повеќе од успешно завршената работа, се свртев да се симнам долу. Поминав покрај Марија и таа ме прострела со поглед како некоја змија отровна.
- Марија, договоривме, - радосно извикав.
- Ааааа, шооо? - прашално одговара и не ме погледнува.
- Како шо? Бане ќе учествува на настанот! - и ја протресов за репчето од витканата подолга коса.
Нема одговор. Се вртам и излегувам низ вратата накај скалите да се вратам на први спрат. Нешто ме застана. Интуиција ли беше, што ли, погледнав во огледалото и видов како прави чудни фаци и чув мал џагор одзади.
- Е сè да ти е**м сељачко, - извикав гласно и продолжив надолу.
Денот продолжи и после 5 си отидов дома.
Негде кај 6, ми се јави Тоше и ме праша: „Што си ја удрил Марија? Ене ја плаче...“

Седевме со Сандра и беше вклучено радиото. Малку бев изморена бидејќи веќе три месеци работевме со полна пареа, а цела година не бев убаво јадена. По цел ден сум на работа, доаѓам во 9 и остануваме до 3 по полноќ. Како ди ти кажам, остануваме по цели денови на работа, едноставно не си одиме дома.

„Леле мајко, има 3 месеца како не сум спиена. А и оној мојон, почнува да се сомнева. Ќе ме фати. Гајле ми е. Што сум ја крива? Ако е муж, нека се избори за мене. А не само да се јавува по цели ноќи и ѕвони ли ѕвони. Глеа дека не му кревам. Сум заспала, демек.“

Со насмевка ѝ минува низ глава: „Хм, ех директоре директоре, најде со мене да си играш? Ќе се навлечеш на мене. Не сум јас као другите гуски, па само за една вечер да било.“

-„Леле, еве го овој пак.“
- Што си бе ти Мирко толку расположен?
-„Колку си глуп.“
- Марија, договоривме, - вреска овој Мирко.
- Аааа, шооо? - го прашувам за да го откачам.
- Како шо, Бане ќе учествува на настанот! - и ми ја тресе главата ко да сум некоја глупача.
- Аха... - го откачив.
Фала Богу си отиде. Се вртам накај Сандра и ја прашав со очите: „Шо му е на овој, ма?“
„Марија сè да ти е*ам сељачко“ - се развика од таму како ова да е нива, а не канцеларија.
„Е сега, е сега ќе ти е*ам мајката. Сега ќе видиш ти со кој си имаш работа. Ме удри“.

„Добро де... презентации, презентации... Па има ли крај мајку му. Треба ли јас да искочам со другарките навечер. Па нема смисла, секој ден до 3 по полноќ да скапувам на работа.“
- Оооо Мирковски... Ај да частиш... Ја договоривме работата.
- Да не треба уште да ја спуштаме цената? - праша Мирко.
- Де бре, да не немаат? - му одговарам.
- Да пукне!

„All the single ladies, all the single ladies“, не ми излегуваше од глава. Сабајлето неколку пати ја пуштија на радио. Дојде Мирко. Си направме буштур за завршената работа, се вртам и ја гледам Марија како ми сигнализира. „Шо му е на овој, ма?“ - праша. После дојде директорот и прашуваше што се случило. Оваа цмиздреше, се лигавеше, коси скубење... Мислам, што да ти раскажувам, драма „ол инклузив“.

„Како сум си ја наредил. Цар сум, цар. Сите слушаат што ќе им кажам и што ќе речам тоа ќе биде. Што да им праам коа се глупи. A, Марија. Е, Марија, Марија... Многу била интелигентна, не се давала... Да им кажам колку не дава, ќе пукнат од смеење. Да одиме сега со Мирко до кај клиентот, да ја договориме работава за цела година и можеме потоа круна да си ставиме на глава.”
Ѕвони телефон.
- Ало, да? Те удрил? Кој? Каде бе, мамето да му го е*ам? Кога? Биди таму, одма доаѓам!
- Да, ме удри и имам црвенило сега, - се слуша Марија од другиот крај на слушалката.
- Одма доаѓам!
Влегов со трчање по скалите.
- Сандра, што се случи? - ја прашувам.
- Јас ништо не видов, - одговара Сандра.
- Ама ме удри, - вика Марија и почнува да плаче.
- Ќе му е*ам мајката, ќе го избркам! Како смеел така.
- Дуле, - му ѕвонам на телефон.
- Кажи директоре, - ми одговара од другата страна.
- Мирко ја удрил Марија, - му кажувам.
- Не ја удрил, само што зборев со него.
- Ја удрил бе, ја удрил...
И го спуштив телефонот. Кога ќе кажам дека ја удрил, ја удрил и готово.

Денот беше еден од поубавите. Завршив работа до кај два саат и отидов на ручек. Се јави другар ми, директорот, убеден дека овој ја удрил, а другиов тврди дека не ја удрил.

Му се јавив после пак на Мирко и со гласно смеење го прашав: „Добро бе, што праите бе вие таму? Работите или се зафркавате.“

Пишува: Мирко Тодоровски

Колумната намерно не е лекторирана :)... Сите колумни на Мирко на овој линк.
Подготвил: Мирко Тодоровски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот