X
 24.08.2017 Култура

Џорџ Р.Р. Мартин: Врската меѓу Џон и Денерис е смислата на „Игра на троновите“

Уште од првата средба на Џон и Денерис во третата епизода од седмата сезона фановите се со поделени мислења кога станува збор за овие двајца.

1
Фото: НВО

Нивната средба е прилично важна, особено со оглед на тоа што чекавме 7 сезони да се случи ова.

Во неколку кратки епизоди нивната врска напредуваше и на лично и на политичко ниво. Тие се заљубуваат еден во друг и формираат сојуз - дури и Џон Сноу ѝ се поклони и призна дека е кралица.

Други мислат дека целата врска е премногу исфорсирана, особено поради тоа што серијата ги помина книгите, па приказната не е она што би го сакал Џорџ Р.Р. Мартин.

Меѓутоа, во интервју, режисерот Алан Тејлор, кој ги режирал повеќето неодамнешни епизоди, како и првата, вели дека Мартин еднаш открил дека средбата меѓу Денерис и Џон е смислата на целата серија.

„Се сеќавам дека работев на првата сезона. Снимавме на локација во Малта и дојде Џорџ Р.Р. Мартин. Седеше на столчето и отворено раскажуваше за работите што допрва треба да се случат, па алудираше на тоа дека средбата меѓу Џон и Денерис е важна. Во тоа време имаше широк спектар на ликови, а Џон беше неважен лик, копиле. Затоа не ни беше јасно. Откако објасни некои работи, стави до знаење дека приближувањето на Џон и Дани е на некој начин целта на серијата.

1

Ни стана јасно дека целата приказна ќе се сведе на ова партнерство“, вели тој.

На прашањето дали романсата меѓу Џон и Дени е неизбежна, Тејлор вели: „Да, мислам дека тоа ќе се случи... Видовме како преземаат голем чекор во шестата епизода од седмата сезона“.

Што значи, сакале или не, се чини дека врската помеѓу Џон и Денерис ќе биде и во книгите - и ќе се реализира во серијата. Сè додека не му се случи нешто ужасно на еден од нив. Бидејќи... ова е „Игра на троновите“ и знаете што им се случува дури и на најомилените ликови.

2
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура