X
 02.09.2017 Живот

Лажниот пророк Милтон Фридман

Починатиот Милтон Фридман бил провокативен професор на Универзитетот на Чикаго, на кој и самиот студирал. Успевал да ги заинтересира студентите за нивните студии. Бил надарен писател, професор и соговорник. Добил Нобелова награда за своите придонеси во економијата.

фото извор: The Imaginative Conservative

Но, Фридман бил нешто повеќе од универзитетски професор. Бил поборник на економската идеологија на радикалната десница.

Во денешната политичка и општествена реалност, фактот дека Универзитетот на Чикаго го основал Институтот „Милтон Фридман“, вреден 200 милиони долари, нема да биде запаменет како знак на почитување на некогашниот истакнат професор. Наместо тоа, основањето на таквата установа, универзитетот дава до знаење дека спаѓа во политичката програма која ги поддржува најбогатите, најалчните и најмоќните луѓе и институции во земјата. Идеологијата на Фридман им нанела огромна штета на американската средна класа и на работничките семејства и во САД и низ светот.

Оние што го бранат институтот уверуваат дека тој поттикнувал слободна и отворена размена на идеи. Иако целта на институтот е да се занимава со неидеолошки истражувања, има многу други имиња што би можел да ги носи наместо името на најполемизираниот економист кој бил заведен од одредена идеологија.

Фридман заработувал преку исклучување на власта на секој чекор. Верувал дека слободниот пазар, кој во голема мера е нерегулиран, претставува најголем замислив облик на економска организација. Експертите сметаат дека тука не станува збор само за економска политика, туку и за клучното прашање какви се луѓето како општество и народ. Дали треба да ја свртиме главата за да не го видиме страдањето што го доживуваат нашите браќа и сестри?

Постои студија која се занимава со тоа што би се случило кога идеологијата на Милтон Фридман би станала оперативна идеологија на власта. Средниот семеен приход би опаднал за повеќе од илјада долари. Кога тоа се случило во Америка, голем број граѓани станале сиромашни, а околу седум милиони го изгубиле здравственото осигурување. Околу три милиони пензиското. Јазот помеѓу богатите и сите други станал многу поголем.

Во периодот на владеењето на Џорџ Буш, времето во кое американската економија ја воделе некои од најголемите обожаватели на Фридман, најбогатите 400 семејства во земјата го зголемиле своето богатство за 670 милијарди долари.

Од економска, морална и филозофска перспектива, идеологијата на Милтон Фридман е погубно погрешна.

Текстот е дел од есејот на Берни Сандерс, објавен во „In These Times
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот