X
 27.09.2017 Технологија

Ако сакате да станете дел од ИТ-светот, ќе ви бидат потребни овие вештини


Лаптоп и нотес
(Фото: Pixabay)


Индустријата за информациски технологии е во постојана потрага по стручни кадри кои успешно можат да ги решат сите предизвици. Таа се развива со голема брзина, што диктира константна потреба за нови кадри кои со своето знаење ќе можат да придонесат за развој на компаниите и нивните позиции на пазарот. И покрај брзиот развој на технологијата, постојат вештини што секогаш високо се ценат.

За да станете баран експерт и да бидете дел од оваа индустрија, неопходно ви е школување од барем 12 месеци. Само со квалитетно стекнато знаење можете да сметате на добро платена работа, што краткотрајните инстант-обуки не можат да го понудат. Ова се вештините што можат да ви ја отворат вратата од секоја ИТ-компанија, доколку добро владеете со нив:

Познавање програмски јазици

Информациските технологии се засноваат на софтвер кој се пишува со програмски јазик. Познавањето на вистинските јазици е од клучна важност доколку сакате да бидете дел од ИТ-индустријата. Во моментов, програмскиот јазик „Јава“ е еден од најпопуларните како во регионот така и во целиот свет. Овој јазик се користи за изградба и развој на многубројни софтверски решенија кои имаат широка примена. Софтверот креиран на овој програмски јазик особено е популарен кај веб-апликациите. Поради големата потреба на компаниите за вакви експерти, а пред сè за софтвер-девелопери, многу се популарни курсевите за „Јава“ и ПХП, на кои успешно се совладува работата со програмските јазици, како и техниките на програмирање. Доколку добро се служите со најпопуларните програмски јазици, многу лесно можете да најдете работа на ИТ-пазарот.

Одржување мрежи

Цел свет е вмрежен, од комплексните глобални, па сè до оние едноставни локални системи. Честопати не сме свесни колку всушност постојано сме поврзани преку мобилните телефони, компјутерите, кредитните картички, па дури и преку паметните куќни апарати. Дури и кога не поседуваме ниту еден паметен уред, насекаде околу нас се наоѓаат меѓусебно поврзани системи.

Грижата за ефикасна работа на системите ја водат систем-администраторите. Тие водат сметка сè да функционира во беспрекорен ред, затоа што и најмала грешка може да доведе до големи проблеми. Токму затоа што станува збор за професија со вонредна одговорност, ИТ-компаниите високо ги почитуваат стручните лица кои поседуваат вонредни знаења од областа одржување мрежна структура. Секоја компанија, без оглед дали се занимава со информациски технологии или не, мора да обрне внимание на ефикасното функционирање и безбедноста на својот систем. Оние што успешно ќе ги усвојат ваквите знаења и вештини, можат да сметаат дека ќе најдат сигурна и добро платена работа.

Организациски вештини

ИТ-компаниите постојано се во потрага по способни менаџери кои умеат добро да го организираат тимот и да го унапредат работењето. Вонредно се ценат стручните лица кои успешно ги комбинираат знаењата од областа на информациски системи и технологии со маркетингот, менаџментот и другите вештини што се неопходни за успешно електронско работење. Меѓу најбараните кадри се ИТ-менаџерите кои поради природата на работата мора да ги поседуваат наведените вештини за да можат успешно да управуваат со проектите во компаниите. Бидејќи најчесто работата зависи од добрата организација, знаењата и професионалноста на менаџерите, експертите во оваа област можат да сметаат на разни бенефити и одлична компензација за вложениот труд.

3Д-дизајн

Одличното познавање на 3Д-дизајнот отвора многу врати во ИТ-индустријата, но и надвор од неа поради специфичниот сет вештини што треба да се поседуваат. Многу компании постојано се во потрага по стручни лица кои се разбираат во проектирање, дизајн, моделирање и другите сродни вештини. Познавањето на работата во КАД-програмите, поседувањето модерни вештини и талент за да се поврзат сите, е токму тоа што се бара од овие експерти. Со совладувањето на овие знаења и вештини се отвораат многу врати од индустријата на игрите, архитектурата, просторното планирање, автомобилската индустрија, дизајн на осветление и многу други области.

Станете и вие дел од успешниот ИТ-свет

Дури и да не сте завршиле некој од техничките факултети, ниту пак поседувате некакво богато ИТ-предзнаење, можно е и вие да се приклучите на овој успешен бизнис.

Предавањата можат да се посетуваат традиционално или онлајн. Сертификатите што се добиваат по успешната едукација се меѓународно признати и се уште една причина за отворени врати на многубројни ИТ-компании.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија