X
 27.09.2017 Технологија

Не паѓајте на овој трик на „Фејсбук“

фб

Низ интернетот кружат шпекулации дека „Фејсбук“ има тајна функција што ви овозможува да видите кои луѓе тајно ве следат.

Постовите што се шират на интернет тврдат дека со едноставен трик можете да ги откриете имињата на луѓето што ве следат и го гледаат вашиот профил. Постојат неколку варијации од инструкциите што треба да ги следите.

„Одете во Account Settings, а потоa Blocking (од левата страна на екранот). Во делот за пребарување кај Blocked users напишете following me, па ќе откриете“, вели еден пост на интернет.

2

Всушност, ова е лага. Секако, ако напишете following me ќе излезат имиња на многу луѓе, но тоа не значи дека тие ве следат вас. Причината поради која нивните имиња се појавуваат на листата е бидејќи на нивниот профил може да се најдат зборовите „following“ и „me“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија