X
 02.10.2017 Наука

Откриен нов лек што се бори против бактериите отпорни на антибиотици

2
Фото: Shutterstock

Антибиотиците што ги користиме денес не се насочуваат кон штетните бактерии што го оптоваруваат нашето тело кога сме болни. Наместо тоа, тие ги напаѓаат и добрите и лошите бактерии. Бидејќи овој механизам не може да се контролира, тој придонесува за зголемен број заразни болести кои се имуни на третманите што ги имаме во моментов. Се очекува лековите отпорни на инфекции и нивните последици да убијат повеќе од 10 милиони луѓе до 2050 година, доколку останат непроверени.

Француската стартап-компанија „Eligo Bioscience“ има цел да воведе нов вид лекови наречени елигобиотици кои би можеле да ги нападнат бактериите на пофокусиран начин. Компанијата објави дека добила 20 милиони долари финансиски средства во кои е вклучена наградата од 2 милиона долари од предизвикот за иновации во светот.

Елигобиотиците би биле дизајнирани да вршат конкретни, а не широки напади: тие би можеле да ги убиваат штетните бактерии.

„Антибиотиците се оружје за масовно уништување: исклучително моќно, но непрецизнo“, изјави д-р Ксавиер Дупорте, извршен директор на „Eligo“. „Со елигобиотиците можеме прецизно да интервенираме на микробиомот - таргетирајќи специфични бактерии за интервенции по наш избор. Со инженерството на самиот микробиом со прецизност слична на снајперист, можеме да ја решиме причината, а не само симптомите, на болестите поврзани со бактерии.

Најинтересно кај елигобиотиците е нивното користење на CRISPR - нов метод за уредување на гените - да ги скенира бактериите и прецизно да ги пресече до нивните генски кодови за целосно да ги избриши.

Доколку работите одат како што треба, елигобиотиците би можеле да се земаат во вид на пилула наместо како инјекција.

„Можеби се чини футуристично, но замислуваме пилула која секој ден го чисти вашиот микробиом. Тоа е крајната форма на персонализираната медицина“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука