X
 10.10.2017 Култура

„Златна петорка“ најдобар на Филмски фестивал во Њу Џерси




На 36. Интернационален филмски фестивал во Њу Џерси долгометражниот игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски, освои Гран при за најдобар игран филм. Претходно филмот го вреднуваше 15-члена комисија составена од академици, професионалци и новинари, кои од вкупно 377 наслови од целиот свет го вброија меѓу 17-те финалисти, известува „Револушн продакшн“. Ова е седма меѓународна награда за екипата на „Златна петорка“, која не доби македонска номинација за Оскар како филм од неанглиско говорно подрачје.

Издвојуваме

Култура