X
 31.10.2017 Култура

По овие супер документарци, никогаш веќе нема да ја гледате храната со исти очи!


Брза, нездрава храна
(Фото: Pixabay)


Во современиот свет во кој живееме неможно е да не се обрнува внимание на трендот за здрава исхрана и активен начин на живот. Зошто се јавува ваквиот тренд? Затоа што се храниме „набрзина“,  „од на нога“, во пекарниците, за ужина земаме нездрави грицки, а за ручек јадеме премрсна плескавица или некакво тесто. Дури и за храната во маркетите и на зелените пазари не сме сигурни колку е исправна и органска... А важно е да биде таква.

Ако ве интересираат овие теми и сакате да научите повеќе за нив, а немате време да читате во книги или научни написи, ви нудиме четири одлични документарни филма што ја обработуваат оваа тема темелно и посветено.

„That Sugar Film“

Како и познатиот „Super Size Me“, и овој филм се занимава со последиците што ги трпи нашето тело при претерано внесување на некои продукти. Режисерот Дејмон Гејмо тестира што се случува во нашиот организам при внес на 40 лажички шеќер дневно, и тоа преку наводно здрави чоколатчиња, пијалаци или грицки. Само по 18 дена од овој експеримент, кај  Гејмо се појавиле симптоми на заболен џигер. Што се случува понатаму, погледнете во филмот:



„Hungry for Change“

Овој филм има јасна и недвосмислена мисија: да се промени начинот на кој гледате одредени продукти и оброци. Ќе ви прикаже како се произведува храната, ќе ве запознае со многу малку познатите тајни на индустриското производство на храна, но и ќе ви ги открие митовите поврзани со храната и слабеењето. Дополнително, ќе ги чуете и сведочењата на луѓе чии животи од корен се измениле откако почнале попромислено и посвесно да се хранат.



„Fat, Sick and Nearly Dead“


Пред почетокот на снимањето на овој филм, Џо Крос имал педесетина килограми вишок, боледувал од автоимуна болест, а редовно користел и стероиди. Низ филмот го следиме неговото патување кон поздрав живот, губење на вишокот килограми преку диета која вклучува единствено овошје, а сето тоа додека тој патува низ САД.



„Food, Inc“

Се работи за еден од најпознатите документарни филмови за храна во последната деценија, но на ова документарно ремек-дело секогаш треба одново да се потсетуваме. Филмот бил номиниран и за наградата „Оскар“, а истражува цел спектар на теми поврзани со храна: од тоа од каде доаѓа, преку тоа со каква цел се води индустриското производство, па сè до негативниот ефект што го предизвикува врз околината. Во секој случај, се работи за филм кој не се заборава лесно.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура