X
 01.12.2017 Култура

Викторија Митевска: Пишувањето е страст од која тешко можеш да се откажеш

Моралот и човечките вредности беа во фокусот на темите што Викторија Митевска ги третираше во изминатите три месеци. Како колумнистка на Факултети.мк, таа со моќта на зборот се бореше за подобар свет.


Митевска е магистер по правни науки од областа на граѓанското материјално право. Дипломирала и магистрирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Желбата за пишувањето ја има од најмала возраст. И денес слободното време го користи за пишување или читање добра книга. Најмногу сака да пишува поезија, кратки раскази и колумни. Нејзиното мото е дека само преку зборовите може да ги изразиме нашиот став и мислење, како и сето она што го чувствуваме во срцето.

Како колумнист, учествувате во натпреварот кој траеше 12 недели. Што Ви беше најголем предизвик во пишувањето?

- Актуелните настани секогаш се предизвик да истражуваш и да пишуваш на одредена тема, иако во текот на пишувањето неминовно е понекогаш да се навратиме на некои основни човечки и морални вредности во едно општество, сѐ зависи од тоа какви се случувањата во општеството.

Имавте ли проблем со инспирација? Размислувавте ли во некој момент да се откажете?

- Секој оној што го сака пишувањето секогаш знае да пронајде инспирација, дури и во моменти кога тоа е потешко. Пишувањето е страст и љубов која со тек на време само се продлабочува и се зголемува, па тешко можеш да се откажеш од тоа.

Водејќи се од ова искуство, што би им препорачале на оние што не се јавно промовирани, а сакаат да пишуваат?
- Сите што се љубители на убавиот пишан збор треба да го пренесат и на пошироката јавност, да ги споделат своите чувства и емоции, да ги изразат своите ставови, а тоа најдобро ќе го направат само преку слободно изразување на својата мисла.

Најчитаните колумни на Викторија Митевска:

1. Дигитално општество
2. To be or not to be
3. Храброст да се биде свој

Сите колумни на Викторија може да ги најдете ТУКА
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура