X
 15.12.2017 Култура

Неверојатен медиумски удар врз „Нетфликс“!


Далечински управувач со копче „Нетфликс“
(Фото: Pixabay)


Компанијата „Дизни“ ќе го купи мнозинскиот пакет удели во „21 Сенчари фокс“, во сопственост на магнатот Руперт Мардок, за 52,4 милијарди долари!

„Дизни“ ветува дека ќе ја реформира медиумската индустрија и ќе им помогне на многумина во одбрана од дигиталните конкуренти како „Нетфликс“.

Освен филмското студио и спортските канали, со оваа трансакција „Дизни“ ќе стане сопственик и на каналот „Нешенал џиографик“, но ќе има и права на одредени франшизи, како X-Men, Deadpool и Fantastic Four. Тука спаѓаат и сателитските емитувачи во Велика Британија, Европа и во Азија.

„Дизни“ сепак не го добива само здравиот дел од колачот, туку „наследува“ и 13,7 милијарди долари нето-долг на „Фокс“.

Овој потег на Руперт Мердок претставува вонреден пресврт во кариерата на овој медиумски великан.

Од друга страна, „Дизни“ веќе се бори со проблемот што потрошувачите сè повеќе го поминуваат своето време следејќи програми преку „Нетфликс“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Култура