X
 17.01.2022 Забава

Првото видео со 10 милијарди прегледи на „Јутјуб“

Популарната детска песна „Baby Shark“ стана првото видео што има 10 милијарди прегледи на „Јутјуб“.

Ова видео во 2020 година стана најгледаната снимка на сите времиња на оваа платформа, а песната сега дојде и до десет милијарди прегледи.

Изведувач на оваа песна е Хоуп Сегоин, а мелодијата била популарна во Јужна Кореја уште од 2016 година. Во САД таа стана популарна во 2019 година, за следната година да стане апсолутен хит во целиот свет.


Никој, па ни авторите на песната не очекувале толкава популарност.

Извор: B92
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава