X
 25.02.2022 Живот

Тајната на албумот на Балашевиќ на кој секоја песна носи женско име

Како да се сумира неговиот опус, а притоа да не се испушти некој музички скапоцен камен? Тешко, па затоа нема ни да се трудиме. Музичкото наследство на Ѓорѓе Балашевиќ би можеле да го анализираме песна по песна, збор по збор, и пак не би успеале целосно да навлеземе во длабочината на неговите песни.

И токму тоа е убавината на музиката што ни ја остави. Колку и да ја слушаме, таа секогаш ќе најде начин да нѐ изненади. И кога ќе помислиме дека сме ги пролеале сите солзи на нашата омилена строфа, ќе се појави друга и ќе нѐ скрши.

Меѓу 12. студиски албуми на новосадскиот кантавтор снимени во текот на неговата самостојна кариера, секој човек има свој албум на кој секогаш му се враќа дури и кога е најтешко и најубаво во животот. За некои тоа е албумот од 2001 година „Дневник старог момка“. Балашевиќ раскажа стотици приказни, за него се зборуваше многу, како што тоа се случува кога станува збор за најголемите и најдобрите за кои секој сака да знае сѐ.

Тогаш се споменуваше и развод, но никој не можеше да поверува дека неговата љубовна врска со сопругата Оливера може да има крај. Сè што имаше да каже на таа тема Балашевиќ го кажа со албумот „Дневник старог момка“. Секоја од дванаесетте песни носи по едно женско име.

Отилија
Љерка
Анкица
Јарослава
Елеонора
Невена
Анита
Јулија
Бранислава
Огнена
Људмила
Ангела

Сепак, срцето на тој албум беше Оливера. Во почетните букви на секое име тој суптилно и мудро на сите уште еднаш им покажа која личност во неговиот живот засекогаш ќе биде негова најголема инспирација.

Оља е најбоља (Оља е најдобра).



Извор: Zadovoljna.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот