X
 17.04.2023 Живот

Руми: „Подигни ги зборовите, не гласот. Дождот му помага на цвеќето да расте, а не грмотевицата“

Цитатите на Руми се познати по тоа што ве тераат подлабоко да размислувате и се моќна инспирација за секој од нас.

- Тагата може да биде градина на сочувство. Ако го оставите срцето отворено низ сето она што го искусувате, вашата болка може да стане ваш најголем сојузник во вашата потрага по љубов и мудрост.

- Љубовта сама ќе го најде својот пат низ сите јазици.

- Седи, биди спокоен и слушај.

- Трпеливоста е клуч до радоста.

- Подигни ги зборовите, не гласот. Дождот му помага на цвеќето да расте, а не грмотевицата.

- Ти не си капка во океанот. Ти си целиот океан, во една капка.

- Вчера бев паметен, па сакав да го променам светот. Денес сум мудар и се менувам себеси.

- Зборовите се оправдување. Внатрешната врска е таа што привлекува една личност кон друга, а не зборовите.

- Збогум е за оние што се сакаат со очи. Бидејќи, за оние што се сакаат со срце и душа, не постои такво нешто како разделба.

- Раната е местото од каде што светлината влегува во нас.

- Каде и да сте, што и да правите, бидете заљубени.

- Сакам да пеам како што пее птицата, без да се грижам кој слуша или што мисли.

- Јас не сум оваа коса, јас не сум оваа кожа. Јас сум душата што живее внатре.

- Единствената трајна убавина е убавината на срцето.

- Универзумот не е надвор од вас. Погледнете во себе, вие веќе сте сè што сакате.

Извор: Leverageedu.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот