X
 17.07.2017 Технологија

Застрашувачко видео што ја покажува моќта на денешната технологија

Технолошкиот напредок е неизбежен, но развојот на технологијата понекогаш умее да изгледа застрашувачки.

Научниците од Универзитетот во Вашингтон развија технологија која користи компјутерско учење за усвојување на движењата на лицето, при што потоа произведува многу автентични видеоснимки.

Со други зборови, станува збор за технологија која ги чита (препознава) изразите на лицето и врз основа на алгоритам ги учи и ги репродуцира движењата на целосно различна аудиоснимка.

Овој пат во „главна улога“ е поранешниот американски претседател Барак Обама, првенствено поради големиот број јавно објавени видеозаписи.

Видеото прикажува неверојатна точност и автентичност на говор од Белата куќа кој се темели на други аудиоснимки. Научниците отишле толку далеку што зеле снимка од студентските денови на Обама и го „залепиле“ звукот на видео на кое поранешниот претседател е многу повозрасен.

Најголемиот проблем што се јавува кај оваа технологија се секако „лажните вести“: секој со многу мал буџет би можел да креира лажни снимки кои ќе изгледаат многу автентично. Всушност, толку добри, што ќе биде навистина тешко да се препознае дали станува збор за лажен запис.

Колку застрашувачки изгледа сето тоа, можете да се уверите од приложената снимка:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија