X
 17.09.2023 Култура

Интересни факти за „Мојата голема дебела грчка свадба“

Неодамна излезе третиот дел од „Мојата голема дебела грчка свадба“, филм кој е популарен насекаде низ светот, а особено во регионот. Еве неколку интересни факти за филмот што обожавателите треба да ги знаат.

Базиран е на вистинска приказна

Пет години пред да излезе првиот филм, главната актерка и авторка на филмот, Нија Вардалос, создала претстава за нејзиниот живот која била базирана на нејзината грчка свадба во Канада. Таа се венчала со американскиот актер Ијан Гомез.

Том Хенкс помогнал во создавањето на филмот

Претставата на Вардалос била успешна и го привлекла вниманието на големи холивудски имиња кои биле заинтересирани да ја претворат во филм. Меѓутоа, тие барале големи промени во приказната, како менување на етничкото потекло на семејството и користење друга актерка во главната улога. Рита Вилсон, сопруга на Том Хенкс, ја гледала претставата и му ја препорачала на сопругот. Хенкс се согласил да го продуцира филмот со неговата продукциска компанија.

Првиот филм имал голема заработка

Првиот филм бил вистински хит. Тој никогаш не бил на првото место на листата со најгледани филмови, но заработил над 368 милиони долари, што го прави најплатена романтична комедија на сите времиња. За жал, вториот дел не заработил толку многу. Тој имал заработка од само 90 милиони долари.

Џон Корбет ја добил улогата без аудиција

Вардалос и продуцентот Гери Гоцмен ризикувале кога го примиле Корбет да ја игра главната улога без аудиција. Актерот не можел да закаже аудиција за филмот бидејќи бил на друга локација и снимал друг филм. Вардалос и Гоцмен биле во ист бар со актерот додека тој му кажувал на пријател дека му било криво што ја пропуштил шансата да игра во филмот. Двајцата се претставиле и веднаш му ја понудиле улогата, а тој ја прифатил.

Сопругот на Вардалос се појавува во филмовите

Актерот Ијан Гомез се појавува во првите два филма. Тој го игра Мајк, најдобриот пријател на младоженецот. За жал, парот се развел во 2018 година.

Имало и серија

Во 2003 година била снимена серија базирана на истата приказна во која играле многу исти актери, освен Корбет. Серијата имала само седум епизоди.

Производот за чистење прозорци станал популарен

По излегувањето на првиот филм, „виндекс“, производот кој се споменува во филмот, станал популарен. Компанијата која го произведува средството за чистење изјавила дека забележала зголемена продажба на производот по неговото споменување во филмот.


Извор: Insider
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура