X
 17.12.2020 Наука

Јапонски научници отворија капсула која се врати на Земјата по мисија на астероид

Научници неодамна отвориле капсула што се вратила од длабоката вселена, а носела парчиња од астероид. Ова е првиот значаен примерок на материјал собран од астероид - минатата година јапонското вселенско летало „Хајабуса-2“ го собрало материјалот од астероид наречен Рјугу.

„Хајабуса-2“ стигнало до астероидот во јуни 2018 година. Научници од Јапонската агенција за вселенски истражувања сега ја отвориле првата од трите комори во капсулата на леталото. Во комората имало материјал со разни големини - од камчиња до ситна прашина.


Фото: JAXA

Втората комора би можела да биде празна, додека научниците сметаат дека третата комора има материјал кој е собран од под површината на Рјугу. Научниците користеле специјална технологија за да соберат чист материјал од астероидот кој не бил променет од вселенската околина. Вселенското летало предизвикало експлозија на астероидот за да направи кратер и потоа собрало материјал од внатрешноста на кратерот.

Научниците откриле и дека во капсулата што се вратила на Земјата имало и гас, кој претставува прв примерок на гас од длабоката вселена што е донесен на нашата планета.

Автор: Пол Ринкон
Извор: bbc.com
Насловна фотографија: JAXA
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука