X
 11.01.2018 Конкурси

Јавен повик за вклучување на локални координатори / младински организации во Националната кампања „365 работнички права за младите!“

Од 01 јануари 2018 година, Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк, Агенција за млади и спорт и Коалиција СЕГА официјално ја започнаа Националната кампања „365 работнички права за младите!“. Целта на кампањата е да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права и како да им се гарантираат нивните работнички права.

Ги покануваме младинските организации и организациите кои работат во полето на информирање и на темата за работнички права за младите активно да се вклучат во Кампањата.



Со вклучувањето во оваа кампања координаторите имаат одговорност за реализирање на активностите во согласност со Вашите можности и ресурси.
Вклучувањето на координаторите во оваа кампања е на волонтерска основа.  Локалните партнер организации ќе бидат промовирани континуирано во кампањата „365 работнички права за младите!“.

Потврдата за вклучување во кампањата можете да ја направите со испраќање на „Писмо со интерес за вклучување во кампањата „365 работнички права на младите“  кое ќе вклучува информации за работата на Вашата организација како и номинација за контакт лице за кампањата/ локален координатор на камапањата.

Информациите доставете ги на email: infosega@infosega.org.mk најдоцна до 17 јануари 2018 година.

За дополнителни информации контактирајте на e-mail:marice@infosega.org.mk или на тел. 070 308 746.

Кампањата „365 работнички права на младите” се спроведува со поддршка Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Агенција за млади и спорт на Република Македонија, Коалиција СЕГА и Факултети.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси