X
 22.01.2018 Живот

Писмо од една 83-годишна бабичка што ќе ви ги отвори очите!


Старица со младешки дух
(Фото: depositphotos)


Писмото што една 83-годишна бабичка го испратила до нејзината пријателка може да ви заштеди години и години созревање и собирање важни животни пораки.


Прочитајте го, нема да зажалите...


„Драга Берта,


повеќе читам, а помалку бришам прашина. Седам во дворот и му се восхитувам на пределот, а плевелот во градината не ме нервира повеќе. Поминувам повеќе време со своето семејство и со пријателите, а помалку работам.

Кога е можно, животот треба да биде образец на пријатни искуства, а не на издржливост. Сега се обидувам да ги препознам таквите моменти и да ги ценам.

Не штедам на ништо – ги користиме кинескиот порцелан и кристалот за секоја посебна пригода, како, на пример, губењето еден килограм тежина, поправената машина за садови или првите расцветани ириси.

Го носам моето убаво палто кога одам на пазар. Според мојата теорија, ако изгледам успешно, тогаш можам да потрошам 28 долари на една мала кеса со прехранбени продукти. Не го штедам својот најдобар парфем за специјални пригоди, туку го користам за продавачите и службениците во банката.

Еден ден и наскоро ја губат својата вредност во мојот вокабулар. Ако нешто вреди да се види, чуе или направи, сакам да го видам, чујам или направам веднаш.

Не знам што другите би направиле кога би знаеле дека утре веќе нема да бидат тука, што сите ние го земаме здраво за готово. Мислам дека би ги побарале членовите на своето семејство и неколкумина блиски пријатели. Можеби би повикале и неколку поранешни пријатели за да им се извинат и за да ги срушат бариерите од кавги во минатото.

Јас сакам да ги замислувам како излегуваат во кинески ресторан на вечера или на некоја друга храна што им е омилена. Само погодувам – никогаш нема да дознам.

Оние мали работи што не сум ги завршила би ме налутиле кога би знаела дека часовите ми се одброени. Би била лута што не сум напишала некои писма кои сакав да ги напишам овие денови. Би ми било жал што на својот сопруг и на родителите не сум им кажувала доволно често колку ги сакам.

Многу се трудам да не штедам, да не задржувам, да не одлагам што било што би можело да внесе насмевки во мојот живот. И секое утро кога ќе ги отворам очите, си велам дека е нешто посебно. Секој ден, секоја минута, секој здив е подарок.

Можеби нашиот живот станал поинаква песна од онаа што сме ја замислувале. Но сè додека сме овде сè уште можеме да танцуваме.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот