X
 06.02.2018 Живот

Како еден дедо од Босна и Херцеговина учел англиски јазик – лекција за цел живот


Испишана тетратка со англиски и босански зборови
(Фото: Humans of St. Louis)



Популарната страница на „Фејсбук“ - „Humans of St.Louis“ споделува приказни за животот на разни луѓе, а неодамна објави приказна за животот на еден бегалец од Босна и Херцеговина. Имено, приказната почнува откако тој починал, а неговиот внук со својата мајка ги средувал неговите работи. Тие пронашле неколку тетратки и нотеси каде што дедото на свои 70 години, колку што имал кога побегнал од воениот виор во САД, запишувал зборови што ги слушал на англиски и нивниот превод на босански јазик.

Прочитајте како гордиот внук се сеќава на својот дедо, од кого, како што и самиот вели, добил важни животни лекции кои и денес ги следи.

„Откако почина дедо ми, мојата мајка, средувајќи ги неговите работи, пронајде десетина тетратки кои покажуваа колку се трудел да го научи англискиот јазик во своите 70-ти години.

Беше опседнат со учењето. Кога ќе чуеше нов збор, на пример, на ТВ или радио, веднаш го запишуваше. Или, ако имаше некој во близина, веднаш бараше да му се преведе зборот.

Родени бевме во истото село, но во голема сиромаштија. Мојата ситуација не беше многу подобра, но барем имавме храна кога бев дете. Мојата мајка ми раскажуваше дека како дете поминувала низ селото за да најде храна што луѓето ја оставале за животните надвор, ја собирала и ја носела дома за себе и за своите браќа и сестри.

И натаму ме следат неговата личност и неговите пораки, неговите учења и сè што направил тој, поради што денес сум ваков каков што сум. Имам живи сеќавања на него како кога бевме во куќата на мојот стрико, и родителите на неговата сопруга зборуваа расистички за црните луѓе, нарекувајќи ги со разни погрдни зборови.

А мојот дедо, овчар од планина кој до својата 50-годишна возраст не сретнал црнец во животот, затоа што во Босна речиси и да нема црни луѓе, во селото каде што живеевме имаше само 700 жители, се расправаше со нив, неверојатно мирно и елоквентно.

’Не можете да сведете цела популација луѓе врз база на рака од оние што сте ги запознале‘“ – стои во објавата.

Тој продолжувал да им објаснува дека токму такви работи ни беа правени нам и затоа сега живееме во земја која не е наша.

„И начинот на кој го кажуваше тоа, поврзувајќи го со нашата ситуација, беше толку силен и моќен за мене“ – наведува гордиот внук.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот