X
 14.02.2018 Живот

Нов бизнис во Украина - заработуваат над 20.000 долари како сурогат-мајки

Украина е една од најсиромашните земји во Европа, а сега се претвора во место каде што луѓето очајно бараат сурогат-мајка за да добијат дете.


Ана имала 18 години кога дознала за ваквиот начин на добивање деца преку ТВ. Само што завршила средно образование и имала план да работи во хотел во мал град. Можела да заработува 200 долари месечно, но ако биде сурогат-мајка, ќе добие дури 20.000 долари. Ова го прават стотици жени во земјата, но сепак не е тема на која отворено се зборува. 

Во овој дел на Европа доаѓале дури и странски двојки за ваквата цел. На 21-годишна возраст Ана конечно се одлучила да стане сурогат-мајка. Таа веќе имала ќерка, што е и услов според законот во земјата, ако некој сака да биде сурогат-мајка. Потребно е веќе да има сопствено дете за да може да се носи и за друго лице. Се смета дека доколку веќе жената има свое дете, нема толку да се поврзе со она што ќе го носи за други лица.

Ана заминала во Киев и потпишала договор со двојка од Словенија. Процесот започнал, но таа тврди дека квалитетот на нега во клиниката почнал многу брзо да опаѓа. Некои сурогат-мајки добивале компликации, а таа своите поплаки ги објавила онлајн за да ги предупреди другите жени. Родила здраво дете, но нејзиното искуство многу ја загрижило. Прифатила повторно да биде сурогат-мајка за двојка од Јапонија, но била многу повнимателна при изборот на клиника. 

Надлежните велат дека во Украина побарувачката за сурогат-мајки драстично се зголемила во последните 2 години. Освен што е легално, се создава и отворен пазар каде што жените можат сами да ја одредуваат цената за која ќе носат нечие дете. Сепак, за многу двојки овој процес може да биде вистински кошмар. На пример, двојките од Велика Британија мора да останат во Украина неколку месеци за да го реализираат овој процес.

Иако многу сурогат-мајки се жалат на условите и третманот во одредени клиники, сепак експертите велат дека порастот на ваквите одлуки е многу зголемен, веројатно поради брзиот пад на животниот стандард во Украина.

Сурогатството во Украина е достапно за хетеросексуалци, брачни парови кои можат да докажат дека не можат да имаат свое дете поради медицински причини. Барем едниот родител мора да има генска поврзаност со бебето. Цените варираат, но се движат од 30.000 до 45.000 долари. Сурогат-мајката нема никакво легално право да бара старателство над детето, а се смета дека вакви случаи има околу 500 секоја година во земјата. Ова е легално во САД, Грузија и во Русија.
 
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот