X
 23.03.2018 Препорачани огласи

Вработување во Меѓународното училиште НОВА. Се бара професор по Драма/Театар



Професор по Драма/Театар (со скратено работно време)

Меѓународното училиште НОВА има потреба од искусен едукатор со познавање меѓународни образовни програми и методи на предавање, кој ќе предава драма/театар на различни нивоа во средното училиште.

Од кандидатот се бара да:
• поседува вештини за предавање драма/театар
• има познавање во креирање наставна програма и наставни инструкции
• е способен за работа во тим што ќе се смета за предност
• планира успешни искуства за учење на млади, применувајќи различни современи стратегии
• има одлично познавање на англиски јазик, особено од драмската област
• изведе една до две големи драмски продукции во една учебна година

Кандидатот треба да:
• поседува универзитетска диплома од соодветната дисциплина
• има искуство во изведба на драмски претстави
• има одлично познавање на англиски јазик (пишана и устна форма)

Потенцијалните кандидати треба да ги достават следниве документи:
• Писмо за интерес (назначувајќи ја позицијата за која аплицираат) на англиски јазик,
• Биографија на англиски јазик,
• Дипломи или сертификати за завршено образование.

Ве молиме пратете ги вашите документи електронски на Biljana.Torbakova@nova.edu.mk. Крајниот рок за поднесување на документите е 6-ти април, 2018. Одбраните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.
Активен до:    06.04.2018

Издвојуваме

Препорачани огласи